Поврзете се со нас

Италија

Супер меч во Болоња: Јувентус со пеколна завршница остана непоразен на „Ренато Дал’Ара“(ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Екипите на Болоња и Јувентус со супер меч со шест голови го затворија 37. коло во италијанската Серија А.

Се водеше кон тоа дека најпријатното изненадуавње во Калчото во оваа сезона ќе оствари сигурна и убедлива победа со оглед на тоа што водеше со 3-0 до 76 минута.

Калафиори даде два гола во 2 и 53 минута, а во листата на стрелци се запиша и Кастро. Меѓутоа избраниците на Монтеро не се предадоа и имаа пеколна завршница во која од 76 до 84 минута дури трипати ја матираа домашната одбрана.

Се тргна од Киеза за да потоа на ред дојдат Мирети и Јилдиз кои ги поставија конечните 3-3.

Со овој резултат двете екипи останаа со ист број на бодови, по 68 поени со што се на третата и четвртата позиција на табелата.

Кога е во прашање Јуве вреди да се издвои дека по долгата пауза, суспензија поради обложување на теренот се врати Николо Фаџоли кој беше активен од 71 минута.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни