Поврзете се со нас

Италија

Фабрегас се дистанцирал од довчерашните соиграчи: Веќе не сум им пријател

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Сеск Фабрегас го внесе Комо во Серија А и направи успех за кој се чекаше повеќе од две децении, а неговата приказна во овој клуб е навистина спефицична, бидејќи им стана тренер на фудбалерите кои беа негови соиграчи.

Откако сфати дека нема логика да ја продолжува играчката кариера, Фабрегас веднаш се префрли во тренерските води и минатиот ноември беше назначен за тренер на Комо, но потоа поради административни причини беше официјално назначен како помошник.

Причина за тоа е недостатокот на тренерска А-про лиценца, па затоа Комо го ангажираше Робертс фиктивно да ја извршува оваа функција, што всушност му овозможи на Шпанецот на необичен начин да го води тимот.

Фабре во интервјуто за „Кадена Сер“ открива дека набрзо ќе ја добие лиценцата и нема да има таков проблем во првата сезона во Серија А, за која најави дека веќе нема да им биде пријател на доскорешните соиграчи.

– Почнав во Комо со младинскиот тим, а потоа во ноември побараа од мене да го преземам првиот тим. Се чувствував подготвен за тоа и го преземав тимот. Поради лиценцата моравме да го донесеме Робертс, а тој многу ми помогна и сега ќе ја добијам лиценцата која ми е потребна. Почнав со полагање на Про лиценцата и набрзо ќе ја добијам.

– Мојот менталитет не е променет, гледам на тимот како целина. Една од работите кои ме направија најсилен беше тоа што преземав тим во кои имав соиграчи кои ми беа пријатели. Со таа порака имавме одличен однос, но им испратив јасна порака. Веќе не можам да им бидам пријател и тоа јасно го дознаа од мене. Целта е да создадеме силна група, само така ќе стигнеме до победи, – вели Фабрегас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни