Свет
Интересна животна приказна: Пред седум години работел на градилиште во Германија, сега ќе игра за Хрватска на ЕП
Златко Далиќ како хрватски селектор вчера го соопшти списокот на играчи кои се повикани за Европското првенство, листа на која има 26 сигурни патници, но и девет резерви кои можат да добијат шанса ако некој се повреди.
Искусниот фудбалски стручњак воглавно избра играчи кои и се добро познати на хрватската јавност, но има и пријатни изненадувања како Марко Пашалиќ кој првиот повик го имаше пред една година.
Станува збор за напаѓач на Риека кој имаше импресивна сезона во Првата лига, но чија животна приказна е нависитна интересна и вредна да се одбележи пред Европското првенство во Германија.
Пашалиќ со добрите партии се избори за прво големо искуство во неговата кариера, а турнирот во Германија ќе значи враќање во земјата во која фудбалски се развиваше, но и во која работел како работник до пред само седум години.
– Почнав како работник на градилиште во 2017-та година, а сега дојдов до тука….. Мојот татко ме запиша на факултет во Германија откако завршив средно училиште, но јас не сакав да завршам поради фудбалот. Ми порача дека ќе морам да одам на градилиште ако не сакам да учам. Секое утро почнував во осум заедно со мојот брат и уште двајца работници.
– Најлошо од се ми беше кога во пренесував шутот на 35 степени. После шест-седум месеци почнав и да варосувам, а кога не работев добро, добивав удари по нос. Никогаш не сум раскрстил до градилиштето, да сум сега во Германија и ако му треба помош на мојот брат, веднаш ќе му помогнам, – вели 23-годишниот Пашалиќ кој може да игра како крило и напаѓач.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план