Поврзете се со нас

Македонија

Вареловски и Тасев едногласни: Подготвени сме, сакаме да го освоиме Купот!

Објавено

на

Составот на Тиквеш има можност да испише нова страница од својата клупска историја, а за да се случи тоа ќе мора да го положи последниот испит во Купот на Македонија, поточно да биде подобар од Воска Спорт.

Финалето е закажано за в среда од 19 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, меч кој освен титула носи и излез во Европа. Избраниците на Мојсов се оптимисти и веруваат во позитивен резултат.

-Историско финале за клубот, градот, подготвени сме да дадеме 200 проценти од нас. По елиминацијата на Шкупи, дополнително се крена атмосферата, па сега сме во финале. Никој случајно не доаѓа до оваа фаза, ќе ги исполниме сита задачи од тренерот и се надеваме на пехар.

-Не може ништо да се се сокрие, добро се познаваме со Воска, се работи за еден натпревар, се може да се случи. Очекувам голема поддршка од навивачите, очекувам 5000-6000 од Кавадарци, а се надевам ќе има и од другите градови, -истакна Александар Вареловски за „ДЕРБИ“.

-Не очекува тежок меч, противникот исто игра за трофеј како нас. Играат допадлив фудбал во последно време, цврста екипа. Ние ќе го дадеме максмумот да го изградуваме градот, „Лозарите“, верувам во победа. Ние нема да отстапиме од нашиот стил и ќе играме офанзивен фудбал, -порача пак Данаил Тасев на кој се надоврза Давор Дишлиевски.

-Сите во Кавадарци се посветени на овој историски натпревар. Се надеваме се ќе помине во духот на фудбалот, навивачката група е мобилизирана, секој љубител на фудбалот ќе може да присуствува, ќе има организиран превоз до Скопје. Веруваме титулата ќе ја донесеме во Кавадарци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни