Поврзете се со нас

Македонија

Мојсов: Ова е голем момент за Тиквеш, ќе направиме се за да го донесеме пехарот во Кавадарци

Објавено

на

Во среда се игра финалето на Купот на Македонија и тоа на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје каде силите ќе ги одмерат Тиквеш и Воска Спорт.

Ова е дуел на две екипи кои добро се познаваат, состави кои трипати ги одмерија силите во текот на актуелнава кампања, а поуспешен беше составот од Кавадарци кој забележа еден убедлив триумф од 3-0, додека другите две соочувања завршија без победник (0-0, 1-1).

Тешко е да се каже дали некоја екипа е фаворит, има предност, меѓутоа има голема желба да се испише историја.

-Ова е голем момент за клубот, градот, играчите, навивачката група „Лозари“, општината Кавадарци. Сите со нетрпение го очекуваат овој натпревар. Треба да одиграме како знаеме, да го добиеме и тој пехар да го донесеме во Кавадарци, да испишеме голема историја затоа што овој клуб, љубители на фудбалот тоа го заслужуваат, -истакна Даниел Мојсов за „Дерби“.

-Општината многу му помага на клубот од финансиски аспект. Со добра структура, играчи, стручен штаб, оваа сезона го играме најдобриот фудбал и заслужено сме во ова финале и ќе направиле се да го донесеме трофејот во овој град, -додаде искусниот дефанзивец.

Битката за трофејот започнува во 19 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни