Поврзете се со нас

Англија

Салах го прекина молкот и се јави со две пораки по крајот на сезоната, една е за Клоп (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Мохамед Салах предизвика турбуленции во финишот од сезоната поради караницата која ја имаше со Јирген Клоп, но и поради изјавата која ја даде по натпреварот со Вест Хем.

Египќанецот одби да зборува пред новинарите со цел да не предизвика „пожар“ пред последните натпревари на Клоп, а сега откако сите беа дел од прошталниот меч на Германецот, Салах конечно реши да го прекине молкот.

Напаѓачот на Ливерпул се јави со две посебни пораки на социјалните мрежи, па и покрај недоразбирањето, една му посвети на човекот со кој мина незаборавни седум години.

– Беше извонредно да се споделат сите трофеи и искуства со тебе во изминатите седум гоини. Ти посакувам многу среќа во иднина и се надевам дека ќе се сретнеме повторно, – порача Салах за Клоп, а потоа им се обрати на фановите.

– Знаеме дека трофеите се тие кои се важни во овој клуб и ќе направиме се за да се случи тоа наредната сезона. Нашите фанови го заслужуваат тоа и ние пеколно ќе се бориме за такво нешто, – додаде Мо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни