Поврзете се со нас

Италија

Лаутаро откри каков уникатен прекар добил Инѕаги од играчите на Интер: Има повеќе насмевки на тренинзите од времето на Конте

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter_en

Лаутаро Мартинез во ексклузивното интервју кое го направи за „Газета дело Спорт“ говори дека е на добар пат да потпише нов договор со Интер, но капитенот исто така ја потенцира и важноста на Симоне Инѕаги како лидер на овој тим.

Во 2021-ва година малкумина веруваа дека Инѕаги ќе ја продолжи добрата работа која ја извршуваше Антонио Конте, но три сезони подоцна, Интер во своите витрини придодаде шест трофеи и веќе никој не се сомнева во работата на Симоне.

Лаутаро како капитен на Интер откри дека Инѕаги е максимално релаксиран на тренинзите и расположението во тимот е навистина добро, но направи и мала споредба од времето кога тренер беше Конте.

– Инѕаги е тренер кој ни дозволува да тренираме со насмевка и со среќа на лицето. Навистина се забавуваме, а тоа не е така само поради тоа што победуваме. Тој порасна со нас во изминативе три години, порасна на тактички и на технички план. Симоне е смирена личност, но знае и навистина да се налути. Знаеме да го наречеме „демон“ на шега, а кога го правиме тоа, се врти кон нас и само се насмевнува.

– Има многу повеќе насмеани лица во тимот од времето со Конте, но јас му должам многу и на него. Тој ни го вкорени победничкиот менталитет и многу сум му благодарен. Има големи разлики меѓу Инѕаги и Конте, но двајцата покажаа дека може да се стигне до целта на поинаков начин, – вели Лаутаро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни