Поврзете се со нас

Европски првенства

Далиќ ги повика 26-те патници за ЕП, состави листа и од девет резерви (Фото)

Објавено

на

Златко Далиќ ова попладне го објави списокот на повикани фудбалери за Европското првенство кое ќе се игра во Германија, турнир кој ќе биде на програмата од 14-ти јуни до 14-ти јули.

Хрватска се најде во исклучително тешка група и за противници ќе ги има Шпанија, Италија и Албанија, па јасно е дека „коцкестите“ ќе мора да ги засукаат ракавите уште во почетната фаза на турнирот.

Далиќ не направи големи изненадувања во својот тим и повика 26 фудбалери кои и се добро познати на јавноста, но интересно ги наброја и деветте фудбалери кои можат да добијат шанси како резерви доколку некој претрпи повреда.ж

Лидер на овој тим повторно се очекува да биде Лука Модриќ кој ќе биде дел од уште едно големо натпреварување, а Далиќ реши да му даде шанса и на Иван Перишиќ.

Иако крилото беше тешко повредено во најголем дел од сезоната, сепак успеа да се опорави и да стигне навреме за континенталниот собир во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни