Поврзете се со нас

Свет

Хап со ново двоцифрено издание против Реал (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/GranCanariaCB

Тимот на Гран Канарија за кого настапува македонскиот репрезентативец Итан Хап ја загуби и втората плејоф пресметка против Реал Мадрид, пораз кој воедно значи крај на сезоната за избраниците на Jака Лаковиќ.

Домаќините му пружија силен отпор на фаворитит, имаа и напад за победа, меѓутоа Слотер не погоди за три поени што значеше славје за гостите од шпанската престолнина со 73:71.

Хап беше двоцифрен како на првиот натпревар, поточно реализираше 12 поени со 4 скока и 2 асистенции за 22 минути на теренот.

Шурна со 19 кошеви беше прв стрелец кај Гран Канарија, Таварес пак со 13 поени и 8 скока беше најзабележителен кај Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни