Поврзете се со нас

АТП

Вавринка нема дилеми: Ѓоковиќ е фаворит за пехарот во Париз

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Пред нас е вториот календарски грем слем Ролан Гарос кој од 26 мај до 9 јуни ќе се одржи во француската престолнина.

Се очекува да биде супер интересно, возбудливо од повеќе причини затоа што едноставно нема тенисер кој се издвојува и за кој може да се каже дека е јасен фаворит за пехарот.

Имаме играчи кои имаат осцилации во формата, имаме играчи кои се мачат со повреди и не се максимално фит, поточно има доста прашалници и се е отворено.

Станислас Вавринка низ кариерата имаше можност да слави на Френч Опен, па според него ако мора да изводи некого тоа ќе биде Новак Ѓоковиќ иако Србинот не е во добар ритам во 2024 година, нема ниту една освоена титула, а нема одиграно ниту едно финале.

-Тој сè уште е таму, можеби ги немаше резултатите што ги посакуваше во последните недели, но сите знаеме дека може да го подигне своето ниво и да најде начин да го игра својот најдобар тенис на грен слемовите, особено во натпреварите во пет сета. Секако дека тој и понатаму е фаворит на Ролан Гарос, -порача Швајцарецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни