Поврзете се со нас

Балкан

Тошевски донесе важна победа за Шибеник во Хрватска

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hnksibenik1932

Македонскиот интернационалец, Давид Тошевски донесе исклучително важна победа за Шибеник во втората лига на Хрватска.

Шибеник води жестока битка за пласман во елитата, па секој триумф е повеќе од потребен со оглед на тоа што се игра самата завршница на кампањата.

Доста мака виде Шибеник во соочувањето со Вуковар 1991, средба која некако успеа да ја добие со 2-1 со голот на нашиот Тошевски во 80 минута.

Ова за Давид беше трет сезонски гол во 14. меч.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни