Поврзете се со нас

Англија

Леверкузен го истрола Арсенал преку социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Баер Леверкузен оствари историја и за првпат во своето постоење ја освои титулата во домашниот шампионат, а тоа го направи на начин кој вечно ќе остане во сеќавање.

Тимот на Чаби Алонсо ја заврши сезоната без ниту еден пораз и повтори успех кој последно им успеа на Арсенал и Јувентус во топ пет лигите, па во моментите кога „фармацевтите“ се подготвуваат за двете финалиња во Лига Европа и Купот, очигледно имаат време и за малку сеир.

Разврската во Бундеслигата ја дознавме уште пред неколку кола, но во Англија беше неизвесно до последното, а истото беше завршено вчера со завршна победа на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ по четврти пат во низа го освоија трофејот и испишаа нова историја, додека Арсенал ќе продолжи да чека и не успеа да ја освои првата титула после 20 години.

„Топчиите“ одново останаа на дофат на титулата, а Леверкузен реши да го истрола клубот од Северен Лондон такашто го потенцираше ликот на Гранит Џака. Играчот за врска лани не успеа да ја освои титулата, но оваа стана национален шампион како член на Леверкузен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни