Поврзете се со нас

Франција

Поранешен соиграч на Мбапе: Килијан ќе оди во клуб во кој има многу его, ќе мора да се адаптира

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе самиот соопшти дека си заминува од ПСЖ на крајот на оваа сезона и веќе нема дилеми дека става крај на седумгодишната етапа на „Паркот на принцовите“, но иако за многумина нема дилеми, сепак се уште не е официјално познато во кој клуб ќе заврши Французинот.

Мбапе ја одложи својата конечна одлука и не соопшти каде ќе ја продолжи кариерата, но во Франција и Шпанија веќе на големо се зборува за негов премин во Реал Мадрид, нешто што не беше реализирано пред две години.

Хавиер Тебас како претседател на Ла Лига веќе во неколку наврати порача дека работата е завршена и дека Мбапе ќе биде огромно засилување за Реал, па верувајќи на таа верзија, Адил Рами како поранешен соиграч на Килијан испрати едно предупредување.

– Килијан ќе мора да се адаптира во Реал, нема да биде лесно. Оди во клуб во кој има многу его, во клуб во кој има огромни барања на секој натпервар.

– Се ќе биде ново за него и сите со нетрпение ќе чекаме да го гледаме. Се зборува дека тоа ќе биде Реал Мадрид и тоа му е гаранција да ја подигне кариерата на уште едно ниво погоре, – потенцира Рами.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни