Поврзете се со нас

Свет

Костески и Плзен со победа ја отворија финалната серија во Чешка

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Талент Плзен на Никола Костески оствари победа над Карвина од 30:25 во првиот меч од финалната серија во Чешка.

Плзен успеа да го одбрани домашниот терен во дуел во кој го надигра противникот, поточно беше подобар од него во двете полувремиња.

Првиот дел беше далеку поефикасен и домаќините го добија со 18:15, додека пак во вториот беше далеку поскромно кога се во прашање головите и истиот заврши со 12:10.

Костески кој изминатиов период имаше обврски со македонската репрезентација беше автор на два гола и имаше една украдена топка.

Вториот меч е закажан за 18 мај.

Cup tree provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни