Поврзете се со нас

Свет

„Агентот“ Агуеро му договара трансфер на Балотели: Мојот сон е да играм на…

Објавено

на

Foto:twitter.com/AdsKulubu

Марио Балотели беше соиграч со нашиот Јован Манев во актуелнава сезона, но напаѓачот по се изгледа не планира да остане во Адана Демирспор и веќе бара клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.

Тој во август ќе го прослави 34 роденден и сака да го оствари сонот да игра на „Ла Бомбонера“, домот на аргентинскиот великан Бока Јуниорс.

За оваа негова желба дозна неговиот поранешен соиграч Серхио Кун Агуеро кој веднаш се впушти во акција за да помогне во реализација на ова сценарио.

-Повеќе ја сакам Бока од Ривер. Мојот сон е да играм на „Ла Бомбонера“, -рече Балотели по што следуваше реакција од Агуеро кој му се јави на Хуан Роман Рикелме.

-Здраво, Роми. Еве го гледам Сити против Вест Хем со Марио Балотели и тука сум да ви кажам дека неговиот сон е да игра за Бока. Така да сега топката е на ваш терен. Во јуни тој е слободен агент, -порачал Кун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни