Поврзете се со нас

Боречки спортови

Усик го раздрма Фјури со спектакуларни удари и стана неприкосновен светски шампион! (Видео)

Објавено

на

Боксерскиот блокбастер во Ријад ги задоволи сите големи фанови на боречките вештини, бидејќи Александер Усик и Тајсон Фјури режираа вистински спектакл во 12-те рунди кои ги издржаа во рингот.

Борбата во која во игра беа сите четири појаси во тешка категорија значеше дека ќе добиеме прв неприкосновен светски шампион после 24 години, а на крајот испадна дека тоа е Украинецот Усик кој победи со поделена одлука на судиите.

Двајца судии му дадоа предност на Украинецот, а само еден му даде повеќе бодови на Фјури, по што стана јасно дека „Џипси Кинг“ за првпат во својата професионална боксерска кариера претрпува пораз.

По 34 победи и едно реми, Фјури првпат ја почувствува горчината на поразот во својата 16-годишна кариера, а главна причина за тоа е импресивната серија која ја имаше ривалот во деветтата рунда.

До тој момент, Фјури собра повеќе бодови и влезе порелаксирано во завршницата, но Усик најдоброто го задржа за крај и со агресивен пристап целосно го зашемети Британецот.

Усик му зададе серија тешки удари на Фјури пред крајот на деветтата рунда, па дефинитивно вистинско чудо беше како Тајсон остана на нозе и како успеа да го дочека гонгот за крај на рундата.

Оваа спектакуларна серија се покажа како клучна за победа на Усик, кој сега има 22 победи во феноменалната боксерска кариера, во која нема забележано ниту еден пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни