Поврзете се со нас

Европски првенства

Ги нема ѕвездите на Баерн и Дортмунд: Ова е составот на Германија за ЕП (ФОТО)

Објавено

на

Фото:twitter.com/dfb_team

Предводникот на германската фудбалска репрезентација, Јулијан Нагелсман го објави списокот на играчи на кои ќе смета за Европското првенство од 14 јуни до 14 јули.

Токму Германија е домаќин на шампионатот и дефинитивно доста ќе се очекува од оваа селекција без разлика на проблемите, слабостите кои ги покажува во изминативе неколку години.

На списокот се 27 играчи, список на кој нема место за ѕвезите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Леон Горецка и Матс Хумелс.

-Долго разговарав и со Хумелс и Горецка. Тие се многу разочарани бидејќи се изоставени од списокот. Се обидов да објаснам зошто тие не беа вклучени. Разбирливо е дека се тажни, -вели Нагелсман кој ги „отпиша“ и Брандт, Адејеми, Гнабри…

Најскусни фудбалери или играчи со најмногу настапи во овој тим ќе бидат Томас Милер, Мануел Нојер и Тони Крос, а од лидерите не треба да се заборави капитенот Илкај Гундоган.

Германија е во групата А каде ќе ги одмери силите со Шкотка, Унгарија и Швајцарија.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни