Поврзете се со нас

Англија

Само еден играч на Ливерпул не му аплаудирал на Клоп за време на почесниот шпалир (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Прошталниот чин во чест на Јирген Клоп траеше повеќе од еден час и германскиот стручњак доби шанса да им се заблагодари на сите навивачи на Ливерпул за безрезервната љубов и поддршка која му ја искажаат во изминатите девет години, па поради големиот набој на емоции, имаше и доста солзи на теренот и трибините.

Јирген беше најприбран и успеа да ги додржи солзите, но два дена по случувањето на „Енфилд Роуд“, медиумите и натаму се занимаваат со интересни детали од прошталната прослава.

Трент Александер Арнолд и Ван Дајк беа најпогодени од „последниот танц“ на Клоп, но во јавноста посебно вирално стана едно видео, кое добро укажува дека еден играч од првиот тим сепак бил незаинтересиран.

Дарвин Нуњез бил единствениот играч кој не аплаудирал додека фудбалерите поставија почесен шпалир во чест на својот менаџер, но медиумите откриваат дека бил и единствениот кој не покажал емоции и при последниот говор на Јирген пред да се излезе на теренот.

Уругвајскиот напаѓач мина низ доста турбулентен период и испадна од стартната постава на крајот од сезоната, а ваквото однесување дефинитивно не му донесе поени кај навивачите на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни