Поврзете се со нас

Репрезентација

Пешевски за пораката од Стоилов пред последниот гол на Македонија: „Покажи им кој е…“

Објавено

на

Македонија обезбеди место на уште едно ракометно Светско првенство, а откако денеска ја надополни негативата од првиот бараж дуел со Фарските Острови и обезбеди висока победа на домашен терен.

Жарко Пешевски не криеше дека е горд на ваквиот епилог и пресреќен поради поддршката од публиката во Скопје.

– По лошата игра во Фарски Острови немаше негативна енергија, од прв до последен верувавме во чуда.

– Како да не веруваме во чуда покрај вакви навивачи и седум илјади грла, овде многу пати се случувала чуда и ова е победа за сите кои веруваа во нас.

Пешевски открил и каков бил договорот за акцијата по која беше постигнат последниот гол, кој го потврди пласманот на мундијалот.

– Договорот беше да шутираме Кузмановски, Лазаревски или јас. Но, тука настапи Столе, кој ми рече „Покажи кој е таткото“ и затоа јас решив да преземам одговорност“, – истакна Пешевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни