Поврзете се со нас

Лига Европа

Пелегрини верува во кам-бек на Рома: Можеме да направиме пресврт…

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома доживеа пораз од Баер Леверкузен со 2-0 во вчерашното соочување со Баер Леверкузен во Лига Европа, резултат кој е навистина негативен за калчолигашот ако се земе предвид дека реваншот се игра на „Бај Арена“, плус играат против тим кој е во серија од 47 мечеви без да почуствува какво е чувството да се загуби натпревар.

Ова секако се работи кои не се во полза на калчолигашот, меѓутоа без разлика на се постои верба и самодоверба дека може да се направи нешто повеќе на возвраниот натпревар наредната седмица и да се дојде до финалето во ова натпреварување.

-Жалам што тие дадоа два гола, а ние ниту еден. Мислам дека одигравме навистина добро, за жал не искористивме многу шанси им направиме проблем, продолживме да создаваме шанси до крај и тие си одат дома веројатно мислејќи дека веќе се пласирале во финалето. Ние пак одиме дома, подготвувајќи се за неделниот натпревар во Серија А и потоа се надеваме дека ќе им направиме проблеми во реваншот, -истакна капитенот Лоренцо Пелегрини.

-Во споредба со вечерва, единственото нешто што треба да го подобриме е да постигнуваме голови, бидејќи не знам колку шанси создадовме. Тие се силен тим и создаваа можности по контра-напади кога седат длабоко и одат со темпо, но сепак успеавме да ги најдеме тие празни места.

-Мора да се обидеме да бидеме поефективни следниот четврток, бидејќи ако играме како денес и имаме малку повеќе среќа на наша страна, верувам дека можеме да направиме пресврт, -додаде Пелегрини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни