Поврзете се со нас

Италија

Првиот човек на Болоња најави каков план има за тренерот Мота

Објавено

на

Foto:x.com/BolognaFC1909en

Тиаго Мота се претвори во еден од најпосакуваните тренери во Италија и причина за тоа е неверојатниот раст кој го доживеа како тренер на Болоња, тим кој оваа сезона одигра сензационално во Серија А.

Болоња обезбеди место во Лигата на шампионите и тимот на Мота ги собира сите пофалби од италијанската јавност, но истовремено младиот стручњак е пред сериозен крстопат и набрзо ќе треба да одлучи што ќе прави во иднина.

Тиаго е мета на неколку големи клуба од Италија и во последно време најмногу се зборува за негов премин во Јувентус, тим против кој Болоња вчера одигра 3:3.

Важечкиот договор на Мота со Болоња завршува на крајот од оваа сезона, но водечките луѓе на клубот не планираат толку лесно да се откажат и претседателот Џои Сапутот најави преговори.

– Да бидам искрен, се уште не можам да верувам дека ќе играме ов Лигата на шампионите. Кога пристигнав тука, ветив дека ќе ја вратиме Болоња при врвот, потребно беше време, но фановите беа трпеливи. Фановите секогаш не поддржуваа и тоа не носеше напред.

– Мота? Ќе се сретнеме со него во текот на оваа недела и на преговорите ќе направиме се за да го задржиме. Ќе направиме се за да го продолжиме заедно ова убаво патување, – порача Сапуто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни