Поврзете се со нас

Македонија

ЖРК Ѓорче Петров го освои трофејот во ракометниот Куп

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/rfmofficial

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров го освоија овогодинешното издание на Купот во женска конкуренција, откако ова попладне во финалето покажаа доминантна игра против ЖРК Чаир.

Избраничките на Симе Симовски покажаа дека се за неколку класи подобри од ривалките и имаа проблеми само во раната фаза од мечот, а потоа целосно го контролирара мечот и лесно стигнаа до посакуваниит трофеј.

Ѓорчепетровки победија со 36:24 и тоа најдобро опишува каква беше разликата во квалитет на теренот, но покрај добрата тимска игра, се истакнаа и одредени ракометарки со одлични индивидуални изданија.

Николска со седум погодоци беше најефикасна во победничкиот тим, додека Ризоска постигна шест погодоци. Во редовите на Чаир, седум гола постигна Диневска.

По одиграното финале во женска конкуренција, ракометните фанови се подготвуваат за она што следи, односно големото финале во машка конкуренција меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни