Атлетика
Ерзен Зиберај победи на маратонот „Водно Матка Треилс“

Петтото издание на трката „Водно Матка Треилс“ беше одбележано со учество на 450 учесници од 23 земји, кои беа поделени во дисциплини.
Најтешката секако беше маратинската трка на 40 километри, која му припадна на Ерзен Зиберај од Косово, со време од 4 часа, 13 минути и 54 секунди. Зад него се најдоа Дејан Тодевски (Македонија) и Тибо Дувал (Шведска). Во женска конкуренција, победничка е Сања Најдовски, пред Ивана Јовановска и Катерина Шиповиќ, сите од Македонија. Во трката стартуваа 103 натпреварувачи, а само двајца не ја завршија.
Полумаратонската трка, односно трката на 27 километри му припадна на Александар Кирковски од Македонија со време 2 часа, 27 минути и 49 секунди. Зад него се најдоа Уран Ахмети и Златко Николов, додека кај девојките победничка е Елена Ртоска, пред Сандра Арсовска и Магдалена Височка (Полска). Во трката стартуваа 218 учесници, а само еден не стигна до целта.
Организаторите за прв пат во програмата вклучија и трка на 10 километри, во која право на настап имаа и младинци на возраст од 13 до 18 години. Меѓу 125 стартери, најбрз беше Димитриј Спасов со време од 1 час, три минути и 46 секунди, а само 36 секунди зад него задоцни Слободан Панајотов, додека Христијан Стојковиќ е трет. Меѓу понежниот пол, со севкупно трето време на трката се издвои победничката Анастасија Ристова, пред Шарлот Кадар (Франција) и Марија Остојчиќ. Интересно, во оваа трка имаше „најмногу“ откажувања иако беше најкуса – дури три!
Настанот беше поддржан од македонскиот спортски бренд „Реморкер“, кој се етаблираше со дизајнирање и изработка на високи квалитетни маици за спортување со „dry fit“ технологија во Македонија. Досега ваквата спортска гардероба што се користи од страна на оние што се заљубени во трчањето и природата, како и во велосипедизмот и другите фитнес активности, беше достапна исклучиво од увоз. „Реморкер“ сега се наметнува со освен со квалитет и со можности за персонализација, како и со прифатлива цена за сите што учествуваат на ваквите треил маратони, како и други настани што се одржуваат во природа.
Следниот ултра маратон од годинешниов календар е предвиден да се одржи во Охрид.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 3 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!