Поврзете се со нас

Англија

Клоп по елиминацијата од Аталанта: Ќе се фокусираме на ПЛ, тоа е сега…

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул славеше над Аталанта во реваншот на Бергамо, но победата од 1-0 не беше доволна да се избори пласман во полуфиналето на Лига Европа.

„Црвените“ беа понижени во првото соочување со 3-0 на „Енфилд Роуд“, па иако се обидоа немаа доволно сила и моќ за уште една величенствена ноќ и епски камбек кога се во прашање европските натпреварувања.

Ова значи дека за Ливерпул сега останува само една опција, шест кола во Премиер лигата и обид да се излезе како победник од битката со Манчестер Сити и Арсенал.

-Разочарани што не поминавме, ама не фрустрирани или лути. Сега можеме да се фокусираме на лигата и тоа е она што ќе го направиме. Имаме неколку дена да се опоравиме, а потоа играме со Фулам, што ќе биде незгодно, но ќе дадеме апсолутно се. Тоа е сега нашето натпреварување, -порача менаџерот Јирген Клоп.

Тимот од „Енфилд“ се наоѓа на третото место на табелата со два бода помалку од лидерот Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни