Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски на Валелунга ја започнува седмата сезона во ТЦР Европа

Објавено

на

Photo: Martin Trenkler

Откако минативе две сезони ги постигна најголемите успеси во кариерата врзани со настапите на Европското ТЦР првенство, македонскиот возач Виктор Давидовски во 2024 година ќе вози со нов автомобил и нов тим.

Имено, Давидовски минатиов период беше дел од тимот „Comtoyou Racing“ и настапуваше со Ауди, но откако германската фабрика реши да се фокусира на проектот во Формула 1, веќе нема да ги поддржува возачите од ТЦР првенствата. Во овој период Давидовски повеќе пати се најде на подиумот, а најголемиот успех го постигна во 2022 година со победата на трката во Франција, на патеката Пол Рикар.

Photo: Martin Trenkler

Photo: Martin Trenkler

Овие негови успеси уследија по соработката со Франко Џиролами, а како круна на таа соработка дојде и второто место на трката од светското првенство во Џеда, Саудиска Арабија. Откако лани Франко се префрли во првенството на ТЦР Италија, Давидовски во ТЦР Европа стигна до четвртото место во генералниот пласман.

Оваа година тие се повторно обединети заедно, но имаат нов автомобил и нов тим. Во нивните раце ќе го имаат возилото CUPRA Leon VZ TCR, а поддршка ќе им биде шпанската екипа „Монлау Моторспорт“.

Првата трка на патеката Валелунга е планирана да стартува во сабота на 20 април во 18.05 часот, а втората е предвидена за в недела од 15.15 часот.

Photo: Martin Trenkler

Photo: Martin Trenkler

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни