Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата: Ова е голема чест за мене…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитијевиќ е официјално е крунисан за најдобар играч во ВТБ лигата во оваа сезона.

Ова признание се однесува за регуларниот дел кој неговиот Уникс Казањ го заврши на првото место на табелата, резултат за кој огромна улога имаше плејмејкерот со учинок од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки на 35 натпревари.

-За мене е голема чест да бидам избран за МВП на ВТБ лигата за регуларниот дел од сезоната. Мислам дека тоа е одраз на одличната тимска работа што ја завршивме во текот на сезоната, победивме на големи натпревари и го обезбедивме првото место во регуларниот дел од сезоната.

-Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот клуб УНИКС, на стручниот штаб на чело со Велимир Перасовиќ, на медицинскиот персонал и на нашите посветени навивачи. Сакам посебно да ги споменам моите соиграчи кои ми помогнаа да станам подобар играч, -порача нашиот ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни