Поврзете се со нас

Англија

Де Ѕерби испрати јасна порака за тоа кој клуб сака да го води во наредната сезона

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialBHAFC

Роберто Де Ѕерби е еден од тренерите за кого доста се зборува, поточно неговото име се поврзуваше и беше споменувано со сите клубови кои бараа или се уште бараат нов стратег.

Имено Италијанецот беше во комбинација за нов предводник на Барселона и Ливерпул кои на крајот се одлучија за Чави Ернандес (се предомисли и остана на „Камп Ноу“) и Арне Слот. Меѓутоа Де Ѕерби е на листата и на Милан, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Челси…ама тој во моментов има еден јасен приоритет, сака да остане на чело на Брајтон.

-Би сакал да останам во Брајтон бидејќи ги сакам моите играчи, го сакам овој град, го сакам мојот клуб и моите навивачи. На средбата со навивачите реков, ако сум среќен, нема клуб што може да се натера себеси да сменам тим.

-Треба да најдам рамнотежа меѓу моето срце и глава. И има дел од мене што турка со срце, а другиот е помирен за подобро да ја анализира ситуацијата, -порача Италијанецот кој има договор до 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни