Поврзете се со нас

Франција

Фудбалер на ПСЖ заработил сериозна повреда, ќе го пропушти и ЕП во Германија

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ загуби на дуелот со Борусија Дортмунд во Германија, но тренерот Луис Енрике добил уште една лоша вест иницирана од случувањата на оваа средба.

Дефанзивецот Лукас Ернандез ги скинал лигаментите на коленото и оди на долга принудна пауза, што значи дека нема да биде достапен до следната сезона.

Францускиот фудбалер нема среќа со повредите бидејќи претходно имаше посериозен проблем за време на мундијалот во Катар, а сега му настрадаа лигаментите на левото колено, поради кои беше принудно заменет на „Сигнал Идуна Парк“.

ПСЖ ја потврди информацијата и најави оперативен зафат на коленото на Ернандез, кој поради повредата ќе го пропушти и Европското првенство во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни