Поврзете се со нас

НБА

Неверојатниот Едвардс го засени Јокиќ, Минесота ја отвори со брејк полуфиналната серија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Timberwolves

Минесота ја отвори полуфиналната плејоф серија на Западот на најдобар можен начин и направи брејк на гостувањето кај актуелниот шампион во НБА лигата, пред се благодарение на својот најдобар играч во тимот.

Ентони Едвардс игра на неверројатно ниво од стартот на сезоната и за многумина вистинско чудо е тоа што не се најде во потесниот избор за МВП, а рано утрово ѕвездата на Тимбервулвс го одигра и својот најдобар плејоф меч во кариерата.

22-годишниот бек постигна дури 43 поени и тоа му е најдобро плејоф достигнување во кариерата, но стана и првиот играч по Коби Брајант кој на оваа возраст постигнал повеќе од 40 поени на два меча по ред во разигрувањето.

Учинокот го збогати и со 7 скокови и 3 асистенции, а тоа беше клучно за победа од 99:106 и водство во полуфиналето со Денвер на гостински терен.

Со своето издание, Едвардс го засени Никола Јокиќ кој постигна 32 поени, но Србинот беше далеку под своето ниво бидејќи загуби дури седум топки, што е крајно некарактеристично за него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни