Боречки спортови
Нгану уништен поради тешка семејна трагедија, МекГрегор прв му испрати порака (Фото)
Френсис Нгану е познат ММА борец кој пред извесно време се испроба и во боксерскиот ринг, но неполни два месеци по борбата со Антони Џошуа, Камерунецот доби вест од која тешко ќе се опорави во брзо време.
Фантатичниот мајстор за боречки вештини го загубил својот 18-месечен син кој починал од досега непознати причини, а камерунските медиуми први ја објавија веста за големата трагедија.
За жал истата беше потврдена и од самиот Нгану преку социјалните мрежи, а неговата порака е навистина трогателна и го допре дури и контроверзниот Конор МекГрегор.
– Која е смислата на животот кога си оди она за кое најмногу сме се труделе? Зошто животот е толку суров и немилосрден? Зошто секогаш го зема тоа што го немаме? Навистина сум уморен. Си отиде моето момче, си отиде мојот Коби кој беше полн со живот. Како да се справам со ова, ве молам помогнете ми, бидејќи јас навистина немам идеја како да се носам со ова, – порача Нгану.
– Многу ми е жал за твојата загуба Френсис, моите молитви се за тебе и твоето семејство во ова тешко време, – гласи утешната порака која му ја испрати МекГрегор.
I am so sorry to hear of your loss Francis, my prayers are with you and your family at this time ❤️🙏
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) April 29, 2024
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија19 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија20 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија20 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија12 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)