Поврзете се со нас

Евролига

Реал со „метла“ до место на Ф4 во Евролигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/RMBaloncesto

Реал Мадрид е бранител на титулата во Евролигата и важи за главен фаворит за нов трофеј во најелитното натпрварување, а тоа го потврди и со перфектни изданија во четвртфиналната фаза.

„Кралевите“ се први патници на завршниот турнир во Евролигата и повторно се дел од четирите најдобри екипи во Европа, откако на три натпревари испорачаа „метла“ за сонародниците од Шпанија.

Басконија во моментов не е дораснат ривал за Реал и не можеше да победни на ниту еден меч, па денеска на домашен терен претрпе нов пораз, трет во низа за конечни 3:0.

Актуелниот европски првак на овој начин го обезбеди своето место во Берлин и стана прв тим кој се пласираше на Ф4, а во таа фаза ќе игра со подобриот од серијата меѓу Барселона и Олимпијакос.

Реал вечерва победи со 98:102, а на првиот меч во Турција, Фенербахче го победи Монако со 89:78 и поведе со 2:1 во серијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни