Поврзете се со нас

Шпанија

Мичел откри интересна анегдота за херојот кој ја нокаутираше Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/GironaFC

Џирона испиша историја и за првпат од постоењето обезбеди пласман во Лигата на шампионите, успех кој беше зачинет со нова неверојатна победа над Барселона на „Монтиливи“.

Малиот каталонски тим пред стартот на оваа сезона немаше остварено ниту еден триумф над Барса, но сега во период од неколку месеци двапати го нокаутираше тимот н а Чави Ернандес, и тоа двапати со ист резултат (4:2).

Џирона вчера направи пресврт во десет минути и постигна три гола во мрежата на Тер Штеген, а вистински херој беше „џокерот“ Порто кој постигна два и намести еден погодок.

Интересно, Мичел по победата реши да открие една необична анегдота која ја имал со јунакот на вчерашниот меч, кој инаку беснеел пред самиот старт на натпреварот поради тоа што бил оставен на клупа.

– Порту е неверојатен, пример за сите во соблекувалната. Сите соиграчи го сакаат поради начинот на кој тренира и кој игра на теренот. Сега кога заврши мечот, можам да ви кажам што се случи. Пред мечот беше разочаран и ми рече дека му ја повредувам гордоста поради тоа што не е во стартниот тим, особено бидејќи даде гол на претходниот меч. Го видовте неговиот одговор, видовте како излезе на теренот и се беше неверојатно. Тој е дефиниција за играч со брутален менталитет. Секогаш го сакам како дел од мојот тим, – изјави Мичел за Порту и додаде.

– Победата над Барселона е уште послатка, остваривме историски успех со пласман во Лигата на шампионите. Треба да уживаме, заслужено сме тука кадешто сме. Почнавме од Сегунда, а сега сме во Лигата на шампионите и сме втор тим зад Реал Мадрид. Првпат во историјата сме пред Барселона и пред Еспањол. Џирона беше третиот тим во Каталонија, но сега сме пред нив и ќе се обидеме да останеме пред Барселона до крајот на сезоната, – додаде младиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни