Поврзете се со нас

Европски првенства

Белгискиот селектор потврдил дека Куртоа нема да настапи на ЕП

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Белгија нема да смета на првиот голман Тибо Куртоа на претстојното Европско првенство во Германија, а тоа денеска го потврдил и селекторот Доменико Тедеско.

Куртоа ја пропушти цела сезона во дресот на Реал Мадрид поради сериозната повреда на лигаментите на коленото, а се соочи со дополнителен проблем непосредно откако се врати на тренинзите на својот тим.

Уште претходно беше најавено дека Куртоа ја известил федерацијата дека нема да може да му помогне на националниот тим во Германија, а сега тоа е и официјално потврдено.

– Оваа тема е затворена и за неа се е веќе кажано. Ќе се концентрирам само на фудбалерите кои се во добра форма, – рекол Тедеско.

Куртоа е блиску до враќање на голот на Реал и тоа може да се случи претстојниот викенд против Кадиз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни