Поврзете се со нас

НБА

Баркли го посочи најголемиот проблем на Денвер: Самите се виновни за тоа

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAspain

Денвер Нагетс ја загуби битката со Минесота Тимбервулвс и ќе остане без врвот, титулата во НБА лигата која ќе ја има уште млаку или поточно до завршувањето на актуелнава сезона.

Клубот од Колорадо влезе како благ фаворит во соочувањето со „волците“, па иако влезе катастрофално во серијата и го загуби првите две средби, успеа да се врати и направи комплетен пресврт за 3-2 по што многумина поверуваа дека ќе се пласираат во финалето на Западот.

Ама потоа доживеаа дебакл, потоп во шестото соочување во Минеаполис за да во „мајсторката“ и покрај предноста од 20 разлика во третиот период на крајот загубат со 98:90. Залудни во седмиот меч беа 69 поени на ѕвездите Јокиќ и Мареј, односно уште еднаш се покажа дека голем проблем е клупата која само испорача пет поени и тоа од само еден играч, Браун.

-Цела година зборуваме дека им недостигаат луѓе на клупа. Зборуваме за Џеф Грин, Брус Браун, тоа е причината поради која загубија. Браун и Грин погодуваа некои шутеви. Зборуваме за оние луѓе кои фалат, ја оставија клупата. Тие оставија млади играчи. Само тројца влегоа од клупата. Сега велат дека им недостигаат луѓе од клупата, па вие самите сте виновни, -порача легендарниот Чарлс Баркли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни