Поврзете се со нас

Свет

Легендата на Вардар најави крај: Чупиќ заминува во пензија и експресно почнува нова авантура

Објавено

на

Иван Чупиќ повеќе од две децении опстојува на ракометната сцена и израсна во едно од најдобрите крила кои произлегле од Балканот, а тоа го покажа и во перидот кога го носеше дресот на Вардар.

Чупиќ вечно ќе остане во сеќавање на македонските фанови како играчот кој го даде клучниот гол за европска титула против ПСЖ во последната секунда,  но и по фактот што беше дел од златната генерација на Вардар која освои два трофеи во Лигата на шампиони.

Денеска, на 38-годишна возраст, Чупиќ најави дека пред него е последниот меч во кариерата како член на ППД Загреб, по што експресно ќе се префрли во тренерските води, како дел од стручниот штаб на Андрија Николиќ.

– Сигурен сум дека во четврток го играм последниот натпревар во мојата кариера. Имаме уште два дена работа пред нас, сакам да ја завршиме сезоната со двоја круна, а од петок ќе почнеме да се подготвуваме за следната сезона.

– Јас ќе останам дел од тимот, но како помошник. Андрија Николиќ инсистираше да останам, а јас се гледам себеси во таа улога на тренер. Сакам да пробам и да го видам и тој дел од работата. Среќен сум што Андрија ме сака во својот стручен штаб, ќе видиме дали тренерската работа е за мене, – изјавил Чупиќ на денешиот прес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни