Поврзете се со нас

Шпанија

Перез испати кратка, но посебно моќна порака во чест на Крос

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Флорентино Перез беше цврсто решен да ја продолжи соработката со Тони Крос и да му понуди нов договор, но на крајот Германецот реши да не го прифати ова сценарио  и се реши за одлука која ги растажи мадридистите.

Крос се мислеше за пензија уште минатата сезона, но ако пред една година беше убеден да остане дел од прроектот на Реал, овојпат реши дека дефинитивно е дојдено време за фудбалско повлекување.

Крос ќе се повлече од терените  во период кога игра во најобра форма и на 34-годишна возраст, па иако во неговите нозе според многумина има уште најмалку две или три сезони, тој денеска објави дека става крај на кариерата.

Соиграчите од Реал почнаа да тагуваат што од наредната сезона ќе останат без еден лидер во соблекувалната, а со зборови за благодарност се јави и Флорентино Перез.

– Тони Крос е еден од најголемите играчи во историјата на Реал Мадрид и овој клуб  секогаш ќе остане негов дом. Реал Мадрид му посакува многу среќа на него и неговото семејство во следната етапа во животот, – гласи изјавата на Перез.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни