Поврзете се со нас

Македонија

Захов: Ова е многу голем предизвик, блиску сме до пехарот, но…

Објавено

на

foto: ffm.mk

Утре се игра финалето на Купот на Македонија, завршен меч кој ќе се одигра на нашиот најдобар стадион, националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ова е голема шанса за двете екипи, Тиквеш и Воска Спорт за историски резултат, можност за титула, но и излез во Европа што не е мала работа кога се работи за македонските клубови.

Воска има искусни играчи во своите редови, но ако мора еден да се издвои тоа е голманот Костадин Захов, Захов низ кариерата има одиграно многу важни средби на домашно и меѓународно ниво, знае каков е притисокот и се надева дека тие како група ќе го положат последниот испит во ова натпреварување.

-Очекувам добар натпревар. Тиквеш е квалитетна екипа, играат офанзивен фудбал и заслужено се тука. Ние исто така имаме свои очекувања од мечот за титула. Многу е поинаку од моите претходни искуства во вакви натпревари. Веројатно и многу поголем предизвик. Се надевам дека ќе успееме да стигнеме до пехарот. Блиску сме до пехарот, но треба и да се одигра финалето на најдобар можен начин, -порача Захов на денешниот прес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни