Поврзете се со нас

Македонија

Босански репрезентативец ќе го носи дресот на Бутел

Објавено

на

foto: FB/RK Butel Skopje

Македонскиот ракометен прволигаш, Бутел Скопје почна да го гради составот за новата сезона, а прво засилување за натпреварувачкаат 2024/2025 е репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Драган Шољиќ.

Се работи за кружен напаѓач кој во скопскиот тим доаѓа од Шпанија или поточно од АСОБАЛ лигата каде настапуваше за Нава. Тој и претходно играше на Пиринеите, а во кариерата има настапувано за Зрињски Мостар од каде и потекнува за да потоа го носи и дресот на Извиѓач Љубушки со кого освои три дупли круни.

Договорот е на една година со опција за уште една сезона ако двете страни се задоволни од соработката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни