Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кил со голем подвиг до место на фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/thw_handball

Бундеслигашот Кил го победи Монпелје со 31:21 во реваншот од четвртфиналниот двомеч во ракометната Лига на шампиони и со вистински подвиг избори уште едно учество на фајнл-фор турнирот на најелитното европско натпреварување.

Францускиот претставник имаше навидум комфорна предност од девет погодоци од првата средба, но Кил со помош на своите фанови успеа да стигне до предноста која беше доволна за пласман на завршниот турнир во Келн.

Голманот Мрква беше инспиратор на одличната игра во одбрана, додека меѓу реализаторите се истакнаа Јохансон со 8 и Билик со 7 голови.

Во редовите на Монпелје најефикасен бил Пелас со 6 погодоци.

Последниот патник на Ф4 турнирот вечерва ќе го решаваат ПСЖ и Барселона, а претходно место обезбедија Алборг и Магдебург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни