Поврзете се со нас

Германија

Матеус: Во Баерн владее хаос, имам само еден совет за Тухел

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Лотар Матеус како големо германско име внимателно ги прати сите случувања, настани, потези поврзани со Баерн Минхен, тим во кој имаше мандати како играч, првиот од 1984 до 1988 и вториот од 1992 до 2000 година со што дефинитивно има статус на легенда во овој клуб.

Тимот од Минхен нема по добро да ја памети актуелнава сезона во која не успеа да освои ниту еден трофеј, комплетно потфрли на домашната сцена, додека во Лигата на шампионите доживеа елиминација во полуфиналето од Реал Мадрид.

Дефинитивно нешто не функционира како што треба во Баерн и потврда за тоа е и изборот на нов тренер, човек кој треба да го наследи Томас Тухел.

Неколку имиња му кажаа „НЕ“ на великанот, поточно се решија да си останат на сегашните позиции како Чаби Алонсо, Јулијан Нагалесман, Ралф Рангник, па сега се почество се говори за тоа Тухел да остане на „Алијанц Арена“.

-Го почитувам Томас Тухел и неговите квалитети. Но, го згазија, особено Ули Хенес. Баерн размислува да го задржи и тоа покажува каков хаос владее во клубот. Баерн испраќа сомнителна слика во светот, -вели Матеус кој има совет за Тухел.

-Од гледна точка на Тухел, мислам дека не треба да остане во Баерн. Би имал други опции да работи во врвни европски клубови, -порачува Лотар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни