Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ со трипл-дабл донесе нова предност за Далас, Бостон избори конференциско финале (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/MovistarNBA

Екипата на Далас Маверикс одново води во серијата со Оклахома Сити Тандер во НБА лигата, овојпат со 3-2 и тоа откако го реши противникот на негов терен со 104:92.

Со ова Далас дојде до брејк кој може да биде клучен во оваа пресметка со оглед на тоа што следниот меч го игра на домашен терен пред своите гледачи и ќе ја има првата меч топка да обезбеди финале на Западот.

Гостите од Тексас добија три од четирите четвртини, во прв план беше Дончиќ кој запиша трипл-дабл од 31 поен, 10 скока и 11 асистенции. Џоунс Џуниор беше втор стрелец со 19, додека дабл-дабл ефекти имаа Вашингтон и резервистот Лајвли.

На другата странa Гилџес-Александер немаше соодветна поддршка и залудни беа неговите 30 поени, 6 скока, 8 асистенции и 2 украдени топки.

Бостон Селтикс пак веќе обезбеди конференциско финале на Истокот и тоа откако со 4-1 ја затвори пресметката со Кливленд Кавалирс.

Кавалирс не можеа да сметаат на Мичел, Ален и Лаверт, меѓутоа пружија силен отпор во „Ти-Ди-Гарден“ во петтото соочување и со достоинствен пораз од 113:98 ја завршија сезонава.

Шести играчи кај Селтикс беа двоцифрени, кај гостите Моблис и Морис искомбинираа 58 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни