Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за тајната на неговиот успех: Многу работи се постигнуваат…

Објавено

на

Фото:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити успешно го реши последниот гостински предизвик, пресметката со Тотенхем која ја реализираше со 2-0 и со тоа изби или поточно се врати на првата позиција на табелата.

„Петлите“ се навистина незгоден ривал за „граѓаните“ особено кога се игра во Лондон, фаворитот не блесаше, се мачеше, меѓутоа со двата гола на Ерлинг Халанд во второто полувреме дојде до целиот плен.

Сега Сити е во пол позиција за пехарот и со триумф над Вест Хем на „Итихад“ сигурно ја освојува четвртата титула во низа во шампионатот.

-Тајната на мојот успех? Пријателе…бев во Барселона, во Баерн. Менталитетот овде минатата сезона беше многу добар. Затоа сум успешен. Не постои тајна. Многу работи се постигнуваат поради она што луѓето го имаат во нивните глави, а не поради нивните способности, -истакна Пеп Гвардиола кој ги пофали играчите.

-Тоа е неспорно бидејќи тие продолжуваат да се докажуваат од година во година. Освен тоа, тие го прават тоа со отворен ум. Затоа сме на само еден натпревар до освојување на Премиер лигата и затоа сме во финалето на ФА Купот. Исто така треба да им симнеме капа за играта против Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите, подвлече Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни