Македонија
Работнички и Пелистер се нападнаа преку соопштенија за кошаркарскиот скандал во Битола (Видео)

Пелистер го победи Работнички на третиот меч во полуфиналната серија и поведе со 2:1, но еден ден по одиграниот меч во Битола, се појави видео кое фрли црна дамка на одиграното дерби.
Навивачката група „Сити Парк Бојс“ сподели видео на кое се гледа како одредени лица вршат притисок врз судиите со пцовки и навреди на полувремето, а ваквото некоректно однесување од поединци ги разлути и раководните структури на Работнички, кои потенцираат дека исходот на еден меч не треба да се решава во подтрибинските ходници.
– Кошаркаркиот клуб Работнички АД Скопје се огласува по повод случувањата на првенствениот натпревар во кој домаќин беше КК Пелистер, кој се одигра во рамките на полуфиналното коло од домашното првенство-третиот натпревар помеѓу екипите на КК Работнички и КК Пелистер.
КК Работнички најостро ги осудува сите видови насилство на терените и во самата сала без разлика од каде доаѓа истото, без разлика дали е тоа предизвикано од нашиот табор, наши навивачи или наши симпатизери, или од противничките и без разлика дали тоа е изолирано или организирано однесување! На ваквите луѓе, постапки и идеи, не смее да им се дозволи да бидат присутни на спортски натпревари! Сите ние треба да сносиме последици за се што правиме во животот, особено за она што го правиме на јавните настани пред очите на целата македонска, во случајов спортска, јавност!
– Кошаркарскиот клуб Работнички АД важи за клуб кој сака победникот да се прогласи на терен,а не да се решава по ходниците и со насилство особено не врз судии кои се претставници на КФСМ. Бараме и се повикуваме на Член 19 од Правилникот за натпреварување за сениорски лиги дека должност е на домаќинот да обезбеди услови за натпреварување и воедно не смеат да се прекршат условите од самиот организатор, но доколку се случи прекршок треба соодветно да се казни домаќинот. Воедно се повикуваме и на членот 40 од Дисциплинскиот правилник дека дисциплинската комсија сама треба да донесе одлука по пријавата на самиот делегат и судиите кон претставникот на КК Пелистер, а воедно и кон самиот клуб но досега гледаме дека се постапува спротивно, не се казнуваат и покрај забелешката која ја има во самиот делегатски извештај кој се доставува кон КФСМ и клубовите учесници на натпреварот.
– Со прекршување на Член 42 од Правилникот за натпреварување на сениорски лиги, а тоа е немање на услови за судиите да го продолжат судењето на натпреварот во слобода, едноставно тие се под притисок на домаќинот на кој се гледа на самото видео кое било снимено од затечено лице во ходникот од самата сала. Апелираме до Комесарот за натпреварување да носи правилни одлуки, а не да прави компромиси со одредени клубови. Се надеваме дека сите надлежни институци во најкраток можен рок ќе ги преземат сите потребни чекори и мерки, по што ќе донесат соодветни решенија, со цел ова, како што се вели, индивидуално однесување да биде најбрзо и најостро санкционирано! Со тоа ќе им се даде поука на сите оние, кои во иднина ќе помислат да прават вакви или слични неспортски испади, дека никој не е над законот и над спортот! Време е да им се каже стоп на насилниците во кошарката, која како интелигентен спорт важи за здружување на интелектуалци, а не мегдан за силеџии! КК Работнички, како најтрофеен кошаркарски клуб во нашата земја и натаму останува дел од спортската структура во Македонија, која ќе се занимава првенствено и единствено со промоција и со унапредување на македонската кошарка и на позитивните вредности во животот, – гласи соопштението на Работнички, по што пристигна одговор од Пелистер.
Во продолжение, целосното соопштение и од Пелистер:
– КК Пелистер се чувствува повикан да одговори на неочекуваните прозивки од КК Работнички, кој очигледно во немоќ и резултатска негатива пред за нив клучниот меч оваа сезона се обидува вината да ја лоцира на погрешно место. А фактите го говорат сосема спротивното…
Пелистер бил и ќе биде беспрекорен домаќин без оглед на конечниот на натпреварите, нешто што можат да го посведочат екипите кои годинава славеле во Битола и притоа немало ниту еден инцидент (еднаш тоа беше и Работнички). Без разлика на резултатот, немаме намера да снимаме видеа по ходници за потоа да ги дистрибуираме ако затреба, во зависност од тоа дали конечниот исход ќе ни биде во полза.
Цела сезона сме отворени за спортски дух и пријателство, отворени да покажеме како треба да функционира клуб со искрени намери за натпревар на терен и на ниту едно друго место.
Работнички максимално го почитуваме како најтрофеен македонски кошаркарски колектив, но и „центарци“ треба да се однесуваат како таков. Затоа што од денешното нивно соопштение увидовме дека добро ги знаат пропозициите. Но ете, заборавија согласно пропозициите да пријават доаѓање на нивни навивачи на Купот на Македонија, и тогаш се обидоа да ја префрлат одговорноста врз нас, но не им успеа. Сега заборавија според пропозициите да побараат тренинг во Битола, но без збор им обезбедивме термин и максимални услови за работа. Повторно заборавија да го пријават доаѓањето на своите навивачи од Скопје, но им излеговме во пресрет и ги примивме нивните приврзаници во сала, иако немавме обврска поради непристигнатото барање. Заборавија и дека по првиот меч еден нивни навивач влета со стаклено шише во собата на судиите и гласно им се закануваше, но не заборавија да го снимат видеото од пет секунди во Битола, опишуваќи го како скандалозно.
Се заборава тоа што не им одговара, но тука завршуваме со противникот и се насочуваме само кон себе. КК Пелистер оваа сезона се покажа како беспрекорен организатор на бројни натпревари, меѓу другото и на завршниот турнир од Купот на Македонија, каде загубивме меч во неизвесна завршница и спортски му честитавме на победникот.
Навистина, на последниот меч имаше краток инцидент за кој жалиме и ја прифаќаме одговорноста, но тоа не може да го оцрни сето она што кошаркарска Битола го прави и го живее со КК Пелистер во последните години, а особено оваа последна натпреварувачка сезона.
Провокациите од страна на утрешниот противник не се ништо друго освен нивни обид за алиби во случај на неуспех. За нас битолчани пак, се само мотив плус за на четвртиот меч од полуфиналето да ја наполниме салата до последно место и на крајот заедно да се радуваме на уште едно големо финале на КК Пелистер, – гласи одговорот на „зелено-белите“ во пресрет на четвртиот меч кој се игра утре.
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија20 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП12 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)