Поврзете се со нас

Италија

Милан има јасен фаворит за наследник на Пиоли

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Се ближи крајот на оваа сезона, сезона која треба да биде последна за тренерот Стефано Пиоли на кормилото на Милан.

Иако за ова се уште нема официјална потврда, голем број на познати, реномирани медиуми веќе некое време пренесуваат дека Пиоли ќе ја заврши приказната со „росонерите“, а како потврда за ова може да се земе фактот што највисоките луѓе во клубот не го офрлаат ова сценарио.

Се споменуваат повеќе имиња, но последните вести кои доаѓаат од Апенините велат дека „црвено-црните“ веќе имаат еден јасен фаворит и тоа е Пауло Фонсека.

Португалецот го води Лил од 2022 година, ама договорот му завршува на крајот на наредниот месец, ситуација која Милан сака да ја искористи.

Тој веќе има работено во Италија во Рома што значи добро го познава фудбалот, јазикот, фактори кои го носат се поблиску до „Сан Сиро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни