Поврзете се со нас

Македонија

Рекорден трансфер: АП Брера го продаде Трајков во Полисја

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Македонскиот фудбалски прволигаш, АП Брера Струмица го направи најголемиот трансфер во својата историја, рекорден трансфер со продажба на талентираниот Димитар Трајков во Полисја од Украина.

Клубот од Струмица ја информираше јавноста дека Трајков успешно ги минал медицинските прегледи и веќе потпишал преддоговорот со новиот клуб на кого ќе му се приклучи од 1 јули.

-Среќен сум што станувам нов играч на „Полисја“. Во овие три дена се уверив дека овој клуб е вистинскиот за продолжување на мојата кариера и дека овде сериозно ќе сметаат на мене во иднина. Но сепак, се зависи лично од мене. Јас сум подготовен да работам многу повеќе и да го дадам максимумот за новиот клуб. Благодарен сум на Горан Пандев и сите луѓе од ФК Брера Струмица за убавите поминати години во Струмица, -порача Трајков.

Свој збор за зделката имаше и генералниот директор, Јован Симиќ.

-Му честитам на Димитар Трајков за трансферот, честитки и до ,,Полисја“ што го препозна потенцијалот и доби квалитетен играч за во иднина. Паралалено и честитки и за рекордниот трансфер на клубот и сите луѓе од Академија Пандев Брера кои со својата работа помагаат на нашите млади играчи да бидат подобри и направат нови чекори во своите кариери.

-На лице место се уверив дека „Полисја“ е сериозен клуб со сериозен систем на работа и импозантен спортски центар чија изградба привршува и ќе биде готов наскоро. Наша цел е и понатаму да бидеме расадник на млади играчи, да ги изградиме како спортисти на најдобар можен начин и да им помогнеме во кариерата. Со системска работа ќе дојдеме до уште подобри резултати во идина и однапред се радувам на летниот преоден рок и новата сеозна, -потенцираше Симиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни