Поврзете се со нас

Македонија

Ангеловски: Репрезентативната пауза ни направи проблем, сега не чека тешка работа во финалето

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер доста се мачеше против Тиквеш и потешко од очекувањата ја оправда фаворитската улога, но сепак на крајот обезбеди место во финалето на ракометниот Куп.

Тренерот Бранко Ангеловски имаше бесни изливи за време на полуфиналето и на моменти го крена тонот кон своите играчи, а токму тоа позитивно се одрази врз нив и на крајот стигнаа до победа од 33:29.

– Среќен сум што победивме, честитки до играчите, до нашата клупа, до стручниот штаб, како и до претседателот и економот. Имаме можност да играме за трофеј, тоа беше првата цел кога пристигнавме тука и тоа го остваривме. Нашата прва цел беше пласман во финалето, за останатото ќе видиме.

– Имавме проблем речиси цел меч, мислам дека проблем ни направи паузата поради репрезентациите. Играчите кои се вратија од репрезентацијата беа емотивно празни.

– Паузата не измрда од колосек, бевме навикнати да работиме од сабота до сабота. Сега почнавме од среда, неколку играчи беа емотивно истрошени и горд сум што остваривме победа. Сега треба да се рестартираме и да одиме кон трофеј во финалето. Таму не чека тешка работа, останува да почекаме и да видиме со кого ќе играме, изјави Ангеловски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни