Поврзете се со нас

Свет

Ќамили во гол серија во Данска

Објавено

на

foto:twitter.com/Odense_Boldklub

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Лирим Ќамили игра квалитетно во завршницата на данскиот шампионат во дресот на Хвидовре, тим за кој постигна уште еден погодок.

Напаѓачот влезе во ритам и потврда за тоа е што стрела во трет меч во низа, овојпат во пресметката со Одензе. Тој го реализираше пеналот во 83 минута, меѓутоа тоа не беше доволно за да неговиот тим избегне пораз (1-2).

Ќамили има учинок од 6 гола и 1 асистенција за Хвидовре, тим за кој сите 90 минути ги одигра и дефанзивецот, Ахмед Илјазовски.

Во наредното коло Лирим, Ахмед и компанија му гостуваат на Велје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни