Поврзете се со нас

Англија

Покетино: Ова не е мој тим…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси ја продолжи победничката серија и славеше над Брајтон со 2-1 и е на добар пат сезонава да ја заврши во Топ 6 во Премиер лигата.

„Сините“ имаат турбулетна сезона, меѓутоа на крајот можат добра да ја завршат, но тренерот Маурисио Покетино се уште не е задоволен од некои работи и покрај огромните вложувања што се направени во актуелниот состав.

-Ова не е мој тим, ова е тимот на Челси. Не мојот тим. Што мислиш? Не знам. По15 години работа во Еспањол, Саутемптон, Тотенхем, Пари Сен Жермен и сега во Челси, мислам дека го знаете мојот стил, нели? Начинот на кој сакаме да играме во посед и кога ја губиме топката. Ја имаме траекторијата во фудбалот ,-рече Аргентинецот и додаде:

-За мене не е важно што имам да кажам. Ако сте среќни и луѓето се задоволни за стилот што го играме. Потоа, треба да се прилагодиме на околностите на тимот. Сигурно, со текот на времето, ако побарате друг тренер и имате можност за 10 години или 25 години, или 22 како Арсен Венгер или Сер Алекс Фергусон, тогаш секако тоа е ваша екипа. Во тој случај можеме да кажеме Пеп Гвардиола затоа што на секои шест месеци имате моќ да инвестирате или да не инвестирате и да носите играчи што ги сакате. Во една сезона, со сите околности, јас сум многу горд на тимот, -порача предводникот на премиерлигашот.

Со вкупно 60 бода Челси е на 6. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни