Поврзете се со нас

Шпанија

Чави предизвика потрес со својата контроверзна изјава: Го кажав тоа што го мислев…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес се обиде да ја долови вистинската ситуација во Барселона пред гостувањето во Алмерија и со својата искрена изјава предизвика многу реакции во јавноста, а според голем дел од шпанските медиуми, неговото обраќање не им се допаднало на Жоан Лапорта и Деко.

Чави посочи дека навивачите треба да имаат реални барања и да сфатат дека клубот не може финансиски да се носи со Реал Мадрид и други големи европски клубови, сето тоа како одговор на прашањето зошто Барселона остана без еден освоен трофеј оваа сезона.

Тренерот посочи дека ќе зборува за јасните цели за следната сезона кога ќе ја види тимската фотографија некаде во месец август, па песимизмот кој го рашири со обраќањето пред мечот со Алмерија, испадна дека воопшто не им се допаднал на водечките луѓе.

Лапорта и Деко вчера не беа дел од експедицијата на Барса на гостувањето кај Алмерија, а по победата од 0:2, Чави мораше да одговара за изјавата со која крена голема прашина.

– Не ми кажале ништо од клубот за мојата изјава, односот не се менува поради тоа. Се е нормално, го кажав само тоа што го мислев, го кажав тоа што е реално. Имам максимална страст и големи амбиции, ќе се бориме за сите титули со тоа што го имаме, но треба сите да знаат дека нашата ситуација не е лесна.

– Мојата изјава не менува ништо, сигурен сум дека ќе бидам тренер на Барселона следната сезона. Имам голема страст и се уште сум доволно горд за да ги бранам интересите на клубот. Имам желба да освојувам титули, но ситуацијата не е баш најдобра и се обидуваме да ја поправиме. Мирен сум и максимално мотивиран, тоа е она што им го пренесов на Лапорта и Деко. Сфаќам зошто има реакции, но јас имам само голема желба и страст да бидеме подобри. Амбициите се големи и сега ќе следи период во кој ќе ја испланираме следната сезона со Деко и Лапорта, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни