Поврзете се со нас

Свет

Инфантино најавил ВАР промени, тренерите ќе добијат право на челинџ

Објавено

на

Фото:twitter.com/fifamedia

Светската фудбалска федерација (ФИФА) е свесна за слабите страни на ВАР технологијата и неусогласеноста на одлуките кои ги носат судиите дури и по многуте проверки на спорните ситуации, па затоа работи на понапреден систем.

Претседателот Џани Инфантино, на денешниот конгрес во Бангкок најавил поусовршена верзија на ВАР, во која ќе бидат вклучени помалку камери, а ќе биде намалено субјективното мислење на судиите во ВАР собата.

– Го развиваме и подобруваме ВАР системот. Во моментов истиот го користат 65 федерации, но сега подготвуваме технологија со помалку камери и без судии кои одлучуваат. Системот ќе биде подостапен за сите и полесен за имплементација и веќе е во фаза на тестирање, – рекол првиот човек на ФИФА.

Според дополнителното објаснување, новиот ВАР ќе биде направен по примерот на технологијата која се употребува во тенисот, а тренерите ќе имаат право на два челинџа за време на натпреварите.

Ако судијата ја прифати сугестијата и ја промени одлуката, секој од тренерите ќе си го задржи првичниот број на челинџи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни